OOU "Dimitar Pop Georgiev Berovski" Skopje

Moeto Uciliste Slideshow: OU'Dimitar’s trip to Skopje was created with TripAdvisor TripWow!

 кликни на и погледни

Добредојдовте на WEB страната на ОУ „Димитар Беровски“ -Скопје, современо училиште со визија, на сите да им пружи еднакви можности, да воспитува личности кои ќе бидат подготвени за живот  во 21 век.

Се потрудивме да презентираме доволен број на информации, поврзани со нашето училиште, кои ќе го задржат вашето внимание.

Доколку имате некоја критика, сугестија или барање, слободно контактирајте не.

Се надеваме дека ќе поминете пријатни моменти со нас.

Посетете ја нашата Фејсбук странаООУ Димитар Поп Георгиев-Беровски официјална страна

ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВАЧИЊА

ВО УЧЕБНАТА 2017-2018 ГОДИНА

 

 

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Име на училиштето

Димитар Поп Георгиев Беровски

адреса, општина, место

Ул:Ѓуро Салај бр 31, Ѓорче Петров-Скопје

телефон

        20 32 524     20 35 645                  20 33 876-подрачно

фах

   20 35 645

е-маил

  d_berovski@yahoo.com

основано од

Општински комитет за образование, култура и физичка култура

Директор на училиштето

Јасмина Костадиновска

Верификација- број на актот

11-587/8

Година на верификација

1986

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

Година на изградба

1959

Тип на градба

Цврста градба

Површена на објектот

3600 м2

Површина на училшниот двор

10 000 м2

Површина на спортски терени и игралишта

17500м2

Начин на загревање на училиштето

Со нафта

Број на одделенија

9

Број на паралелки

24

Број на смени

Две

Вкупен број на училишни згради

Две

Број на подрачни училишта

Едно

Бруто површина

20 000м2

Нето површина

3600 м2

Број на спортски терени

Два

Број на катови

Два

Број на училници

21 во централното , 4 во подрачното

Број на помошни простории

3

Училишна библиотека

1

Начин на загревање на училиштето

Сопствено со нафта, во подрчното на струја

 

Материјално технички услови

Училиштето располага со: 168 персонални компјутери, 53 лап топа за ученици, 28 лап топа за наставници, 4 LCD Проектора, 3  CD Players, 1 принтер во боја, 5 обични принтери, 1 фотокопир, 1 DVDPlayer , 1 дигитална камера, 1Flip камера, асистивни уреди за работа со ученици со ПОП. Училиштето располага и со училишна библиотека која има над 6.000 библиотечен фонд книги.

 
 
 
 
 
  
 
 

Мапа на централното училиште

Нашето училиште се наоѓа во централниот дел на населбата Ѓорче Петров. Училиштето постои од 1959 год. и е едно од најстарите училишта во општината.

 Познати личности кои завршиле во ова училиште

  • Никола Груевски, сегашен претседател на Владата на Република Македонија.
  • Сокол Митрески,Сегашен градоначалник на општина Ѓорче Петров

Нашето училиште има и подрачно училиште во населбата Хром

Мапа на подрачното училиште

 

Отворање на подрачното училиште:

 

ЗА НАШИОТ ПАТРОН

Роден е во Берово во 1840 година. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.

Во Солун заедно со македонската патриотска интелегенција формира кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт.   Бил главен организатор  на Разловечкото востание, а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Кресненското востание (1878), при што бил избран за началник на Востанички штаб. Воедно бил и иницијатор за обнова на Охридската Архиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан, кои во 1874 год. ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската,кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан.  По неуспехот на востанието се префрлил во Ќустендил, каде живеел и работел се до својата смрт на 19 декември 1907 година.